Достапни линкови

Нов рекорд во бројот на нападите врз Американците, ирачките сили и цивилите


Aмериканското министерство за одбрана соопшти дека бројот на нападите врз американските, ирачките сили и цивилите достигна нов рекорд во последните три месеци. Извештајот е издаден во исто време кога Роберт Гејтс и официјално го замени Доналд Рамсфелд на местото американски секретар за одбрана.

Според статистиката на Пентагон, во Ирак имало 959 напади неделно за време на три месеќен период кој завршил на 10 Ноември. Тоа е за 22 насто повеќе во однос на претходниот три месечен период. Извештајот на Министерството за одбрана доаѓа во моментот кога на чело на Пентагон стапи Роберт Гејтс, кој изјави дека неуспехот во Ирак би им наштетил на Соединетите Држави за многу години.

„Сите ние сакаме да најдеме начин да и ги вратиме назад дома американските синови и ќерки. Но како што и претседателот стави јасно до знаење, ние едноставно не можеме да дозволиме неуспех на Блискиот Исток. Неуспех во Ирак во овој момент би било како несреќа која ќе и наштети на нашата нација и нашиот кредибилитет и ќе биде закана за американците во децениите што следат. “

изјави Роберт Гејтс новиот американски секретар за одбрана најавувајки дека наскоро ќе патува за Ирак за да ги слушне директно ставовите на командантите на теренот како да се поправи ситуацијата. На церемонијата на изборот на Гејтс во пентагон своите очекувања ги искажа и претседателот Џорџ Буш.

„Како секретар за одбрана тој ќе и помогне на нашаат земја да најде нов начин за ирачаните да ја остварат заедничката цел за обединет, демократски Ирак способен сам да се управува и брани и да биде наш сојузник во борбата против екстремистите и радикалите.“

Америакнскиот претседател Џорџ Буш најави дека и тој наскоро ќе патува за Ирак на средба со американските командантите на теренот.
XS
SM
MD
LG