Достапни линкови

Подгорица: Официјална посета на делегација на војската на Црна Гора


Делегација на Војската на Република Црна Гора, предводена од началникот на Генералштабот, генерал-потполковникот Јован Лакчевиќ, утре и задутре ќе престојува во официјална посета на Генералштабот на Армијата на Република Македонија. Министерството за одбрана соопшти дека на средбата со началникот на ГШ на АРМ, ќе бидат разгледани можностите за проширување на понатамошната билатерална соработка меѓу двете армии. Притоа, ќе бидат презентирани искуствата на АРМ од учеството во Партнерство за мир и подготовките за прием во НАТО.
XS
SM
MD
LG