Достапни линкови

Багдад: Дводневна конференција за обединување


И покрај актуелните меѓуверски насилства во Ирак, денеска во Багдад започна дводневна конференција за обединување на која учетвуваат околу 200 делегати. Владин претставник изјави дека биле поканети претставници на сите страни во Ирак, освен екстремистите на Ал Каеда и радикалните приврзаници на екс лидерот Садам Хусеин. Главна цел е да се најде заеднички јазик меѓу сунитите и сега владејачките шиити.
XS
SM
MD
LG