Достапни линкови

logo-print

Релност, Политички маркетинг или фарса?


За едни маркетинг кој добива политики димензии, за други реално потребна борба, со вакви различни ставови се првите луѓе на општините во земјава околу актуелната акција на Владата односно надлежното Министерство за транспорт и врски за справување со урбанистичката мафија. Политичката димензија очигледна во подршката која што градоначалниците ја даваат за овој владин проект, согласно партиската обоеност. Марјан Ристески градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО ДПМНЕ забележува.

„Поддршката е максимална, да се стави ред на урбаниот хаос којшто постои во сите општини. И другата позитивна работа е што конечно нашите буџети ќе се наполнат со финансиски средства од неплатени комуналии,“

изјавува Ристески.

Оние градоначалници пак, што доаѓаат од опозицијата не го оспоруваат постоењето на урбанистичкиот хаос во земјава но имаат одредени критики за начинот кој централната власт го избра за да се справи со овој проблем. Градоначалниците од редовите на СДСМ, Димитар Бузлевски од Ресен и Зоран Заев од Струмица истакнуваат:

„Поборник сум на континуирано работење на органите задолжени решавање.“
„Ако намерите беа искрени, сигурно ќе донесеа закон за легализација на објекти и после храбро и решително ќе се справеа со сите дивоградби,“


Изјавуваат Бузлевски и Заев.

Неискреност во кампањата за справување со проблемите во урбанизмот, препознава и градоначалникот на Струга од Демократската Унија за интеграција Рамиз Мерко.

„Истите инспектори кои биле во транспорт и врски и го прекршиле законот, денеска истите сакаат да го средуваат законот, нема да има некој резултат.“

На терен деновиве политиката во урбанистичката мафија, според експертите се виде со акцијата за рушење на нелегалните објекти во т.н. Шпанско Село во општината Карпош. Во целата ситуација и од двете страни се заборавија граѓаните, посочува Горан Ангелов поранешен претседател на ЗЕЛС:

„Политиката треба да се тргне понастрана, без обоеност на министрите и градоначалниците,“

Вели Ангелов. Во Министерството за транспорт и врски изјавуваат дека нивната цврста определба за борба против урбанистичката мафија е неселективна, а тоа се покажува преку постојаниот повик до сите градоначалници во земјава да се справат со овие проблеми.
XS
SM
MD
LG