Достапни линкови

logo-print

Газа: Исмаил Ханија назад во Газа


Палестинскиот премиер Исмаил Ханија по престојот во Египет се врати во Појасот Газа, но без неколкуте милиони долари донации поради израелската блокада на финансиски средства за палестинците. Израел, Соединетите Држави и Европската Унија воведоа санкции против владејачкиот Хамас поради тоа што одбива да се откаже од насилството и да го признае Израел. При враќањето на Ханија дошло и до престрелка во која еден негов чувар бил убиен, додека неколкумина други биле ранети. Ханија изјави дека опозициониот Фатах се обидел да го убие.
XS
SM
MD
LG