Достапни линкови

Одиме напред, но бавно


Немањето на стратегија, бирократските пречки, даночните оптоварувања се само дел од причините поради кои македонската економија е помалку конкурентна на пазарите. Вака размислуваат стопанствениците кои на различен начин се обидуваат да ги пласираат своите производи на странските пазари.

„Во неможност да инвестираат оптоварени со голем број давачки. Не може да се насочуваат развојно и производите да ги прават конкурентни на пазарот,“

изјави Никола Ефтимов, директор на Сојузот на стопански комори

Македонија оди напред, но со многу мали чекори, велат од Националниот Совет за претприемашништво и конкурентност. Оттаму посочуваат на неколку фактори на кои треба да се фокусира македонската економија, со цел да стане поконкурентна во глобални рамки.

„Високо образование и обука, значи потребни се подобри резултати во тој дел. Ефикасноста на пазарите, труд, капитал и добра и технолошка подготвеност. Мора да ги подобриме сите овие фактори, итовремено подобрувајќи ги институциите, инфраструктурата и образованието,“

изјави Дејан Јаневски, советник во Националниот совет за претприемништво и конкурентност

Од Сојузот на стопански комори, велат дека со одредени даночни олеснувања и државата треба да им помогне на македонските стопанственици да инвестираат во своите капацитети и да произведуваат конкурентни производи.

„Со либерализација на банкарскиот систем, со олеснување на бирократиите, смалување на давачките ќе има некои резултати,“

изјави Ефтимов,

И странските претставници во земјава сметаат дека македонските производи можат да бидат интересни за странските пазари. Првиот човек на Американската стопанска комора, Вилјам Дан изјави дека македонското вино, сирењата, јагнешкото месо, имаат предуслови да бидат конкурентни на странските пазари. Во групата на неконкурентни области ги вбројува металургијата и земјоделството.
XS
SM
MD
LG