Достапни линкови

logo-print

Буџетот има карактеристики на земји што ја надминале транзицијата, вели Трајко Славевски


На стартот од собраниската расправа за предлог буџетот за 2007 година опозициските партии со остри критики за предложениот текст. Велат дека ова ќе биде една од најдолгите собраниски расправи.

„Се продлабочува буџетскиот дефицит што претставува сериозен проблем за економското заздравување на државата. Расходите се базираат на нереално пресметани приходи на одделни даноци и тоа може сериозно да го проблематизира извршувањето на буџетот во текот на наредната година.“

изјави Весна Бендевска, пратеник на СДСМ.
Иако во споредба со буџетот за 2006 година, предложениот буџет има зголемени приходи, Демократската Унија за интеграција има свои забелешки, изјави Аднан Јашари од ДУИ:

„Иако имаше навестување дека ќе се оди кон намалување на расходите сепак тие не се придржуваат кон нивните ветувања и имаме зголемување на расходите за материјални трошоци.“

Само доколку поголемиот дел од нашите предложени амандмани бидат прифатени, ќе го поддржиме предлог буџетот, велат од Либерално-демократската партија.
изјави Роза Топузова-Кареска од ЛДП.

„Премногу пари се трошат во овој буџет за набавка на канцелариски мебел и опрема и тоа е нерационално трошење на буџетските пари и поради тоа нема да дадеме подршка.“

Една од најзначајните реформи што треба да се спроведат преку овој предлог буџет е пакетот закони во фискалната сфера, рече министерот за финансии Трајко Славевски образложувајќи ги причините за поддршка на овој предлог:

„Буџетот за 2007 година постепено се здобива со карактеристики на земји кои што го надминале транзицискиот период, како потрепа на ваквата констатација е секако изменетата структура на расходната страна во рамките на која покрај обезбедените средства за сервисирање на законските обврски се содржани и средства за директна подршка на реформските активности согласно програмата на Владата.“

Токму усвојувањето на буџетот е првиот сериозен тест за оваа Влада, смета лидерот на Новата Социјалдемократска партија Тито Петковски:

„Тоа е најсериозниот тест дали Владата ќе остане хомогена и дали ќе има доволно критичка маса внатре во коалицијата за да ги издржи различните интереси на НСДП, ДПА, ВМРО-ДПМНЕ и останатите партнери во коалицијата.“

Според предложениот текст на буџетот се предвидува минимален пораст на буџетскиот дефицит во однос на минатата година. Тој ќе изнесува 1 отсто од планираниот брутодомашен производ.
XS
SM
MD
LG