Достапни линкови

Скопје: Собранието ќе расправа за предлог-буџетот за 2007 година


Денеска во Собранието треба да започне расправата за буџетот на државата за наредната година. Во вчерашното образложение на предлог буџетот за 2007 година, министерот за финансии Трајко Славевски изјави дека тој е е основен инструмент за спроведување на економската политика и одраз на напорите на новата Влада за остварување на програмските цели. Претходно во Собранието беше донесена одлуката за огласување и именување јавен обвинител на Република Македонија, како и одлука за огласување и именување членови на Антикорупциската комисија.
XS
SM
MD
LG