Достапни линкови

logo-print

Њујорк: Одржана седница на Советот за безбедност на ОН за Косово


Генералниот секретар на ОН Кофи Анан во извештајот за работата на УНМИК и стандардите на Косово што го презентираше пред Советот за безбедност, предупреди дека понатамошното одложување на решението за косовскиот статус би можело да предизвика дополнителна нестабилност и оцени дека ставовите на Белград и Приштина остануваат спротивставени и покрај серијата преговори. Инаку членките на Советот за безбедност на седницата изразија задоволство од имплементацијата на стандардите на Косово и оценија дека решението на конечниот статус мора да биде прифатливо за мнозинството и во согласност со принципите на Контакт Групата.
XS
SM
MD
LG