Достапни линкови

Белата Куќа не соопштува кога новата стратегија ќе биде објавена во јавноста


Американскиот претседател Џорџ Буш денеска со преставници на Пентагон ќе разговара за стратегијата за Ирак. До состанокот доаѓа ден по соопштението на Белата Куќа дека Буш до јануари идната година ќе го одложи објавувањето на новата стратегија.

Портпаролот Тони Сноу на брифингот во Вашингтон синоќа не сакаше да прецизира термини кога новата стратегија за Ирак ќе излезе на виделина.

„Тоа нема да се случи до Нова Година. Не можам ви дадам датум, бидејки не знаеме кога тоа ќе се случи. Она што е најважно е тоа што претседателот ги продолжува консултациите со советниците за чекорите напред.“

Буш вчера одржал консулатции и со американските команданти на теренот за од нив директно да се информира за ситуацијата во Ирак, соопшти Белата Куќа. Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс зборувајки на прес конференција со шефот на австралиската дипломатија Александар Даунер во Вашингтон изјави:

„Не треба да изненадува дека нему му треба време за дискусии со советниците за чекорите напред во однос на Ирак. Јас сум сигурна дека тоа ќе биде разумно време. Но јасно е дека претседателот мора целосно да се консултира, да биде сигурен дека ги добил најдобрите совети.“

Во Њујорк Тајмс во меѓувреме излезе текст во кој се наведува дека Ирак на Соединетите Држави им презентирал план за превземање на основната безбедност во Багдад на почетокот на идната година. Во извештајот се цитира Моафак Ал Рубаи советник за национална безбедност на Ирак кој рекол дека планот бил презентиран на средбата во Аман – Јордан на 30-ти минатиот месец меѓу Претседателот Џорџ Буш и ирачкиот премиер Нури Ал Малики. Според планот, американските трупи би биле прераспоредени на парифериите на главниот град и биле фокусирани на борбите со сили за кои се вели дека се подржани од Ал Каеда. Силите на ирачката влада, претежно шиити, пак би ги превзеле напорите за запирање на верските насилства, што прставува ризик дека тие би можела да ги скршат сунитските квартови и да ги протераат сунитите надвор од градот, пишува Њујорк Тајмс.
XS
SM
MD
LG