Достапни линкови

Од сегашните 37,9% во 2010 година се предвидува зголемување на вработеноста за 48%


Владата преку Национална стратегија и акционен план ќе го стимулира вработувањето, клучен проблем меѓу граѓаните, во државава. Во стратегијата и акциониот план за вработување во период од 2006 до 2010 година, Владата ќе ја намалува невработеноста преку поедноставување на законските процедури со цел подобрување на бизнис климата, преку веќе посочените рамни даноци, ќе следат измени во законите од законската свера за обезбедување здравствена заштита на сите невработени, со користење на ИПА фондовите од Европската Унија ќе се работи и на зголемувањето на конкурентноста на младите невработени на пазарот на трудот, ќе биде подржано првото вработување на млади лица до 27 години, преку обезбедување на посебени поволности ќе се стимулира вработувањето на инвадилизирани лица, самохраните родители и долгорочно невработените. Преку ваквите мерки предвидени во Националната стратегија до 2010 година треба да се зголеми бројакта на невработени во земјава:

„Главните приоритети во реализацијата на оваа стратегија пред се ќе биде Македонија во 2010 година да достигне ниво на вработеност од сегашните 37,9% на 48%.“

Соопшти министерот за труд и социјална политка Љупчо Мешков на денешната презентација на Националната стратегија и акциониот план. Поздравувајќи ги ваквите чекори, амбасадорот на Европската Унија Ерван Фуере истакна дека намалувањето на невработеноста е еден од битните процеси за членството на Македонија во Европската Унија:

„Креирањето работни места и намалувањето на невработеноста се разбира се клучни приоритети за оваа земја со оглед на тоа што сака да ги засили реформите, да ја направи економијата поконкурентна и над се да отвори повеќе работни места. Ова е можеби најголемиот предизвика со кој се соочува денеска земјата.“

Истакна амбасадорот Фуере.
Подготовката на стратегијата за вработување е подржана и од страна на ЕУ преку КАРДС програмата, а за неа согласност дале и социјалните партнери. Првично од буџетот за наредната 2007 година, како што соопшти Министерот за труд и социјала Мешков, Владата предвидела 500 милиони денари за стимулирање на вработувањето во државава.
XS
SM
MD
LG