Достапни линкови

logo-print

Синдикатите, ССМ и СОНК го загрозуваат социјалниот дијалог


Расцепот во редовите на синдикатот не успева да ги надмине штетните рамки на меѓусебно осудување и обвинување и тоа сеуште го загрозува социјалниот дијалог, што е речиси прекинат повеќе од една година наназад. Верни приврзаници на принципот на исклучивост се сеуште ССМ на и СОНК обидувајќи се секој за себе да се претстави како единствен релевантен партнер во преговорите со Владата. Тие го поставуваат проблемот над институциите иако имаат и законска можност своето однесување да го направат попродуктивно, смета професорката по трудово право, Татјана Велкова

„Доколку тие два, три, пет колку и да се синдикати седнат и направат договор за преговори или одбор за преговори како што стои во законите, тогаш не би имало обвинувања и институционални препукувања.“

Една од можните опции за надминување на проблемот е измена во законот за работни односи кои би овозможиле преговори со двата синдиката за Колективниот договор за јавниот сектор, најави министерот за труд и социјална политика што внесе нова доза на сомнеж и недоверба меѓу двата синдикати.

„Се работи за протежирање на синдикат преку измени на закон за да се влезе во преговори.“
„Цветановски нема 33 насто, иако зборува дека има, така што желбата е да се растегне работата и да му се овозможи некому да влезе во преговори,“


обвинуваат претседателот на ССМ , Ванчо Муратовски и претседателот на СОНК, Дојчин Цветановски. ССМ И СОНК секој за себе сметаат дека се исклучиви преставници на работниците според законката одредба која предвидува репрезентативност врз основа на членство од 33 насто. Најновото незадоволство тргна од сомнежот дека со измените во законот за работни односи бројката која ја одредува еперезентративноста би се се намалила во интерес на спротивниот табор. Репрезентативноста која тешко се докажува и која според министерството за труд и социјална политика не ја докажал сеуште ниеден од двата синдикати, според Муратовски е начин да се одложува до недоглед социјалниот дијалог со што не се согласува министерот за труд и социјална политика, Љупчо Мешков.

„Да не губиме време околу докажување на репрезентативноста. Тоа останува како обврска, но во меѓувреме може да седнеме со двата синдикати, да ги издоговориме и усогласиме одредбите на колективниот договор, па евентуално прашањето на потпишувањето и репрезентативноста да го оставиме на крајот. Но, и тој предлог на министерството не помина на крајот, затоа што едниот синдикат се смета за репрезентативен и не сака да зборува со другиот.“
XS
SM
MD
LG