Достапни линкови

Граѓаните пред се бараат нови вработувања и инвестиции


Мерките што ги најавува Владата се популистички, не дека некои од нив не се потребни, но приоритетот треба да биде нешто друго, создавање на услови за вработувања, инвестиции, вака стручната јавност ги коментира владините чекори како најава за комјутер за секој ученик, изградба на стариот театар, фонтана на градскиот плоштад и слично.

„Тоа е еден социјален популизам кој е познат и незнам зошто се оди на такво инсистирање. Оваа Влада треба да работи темелно, а таа сака да направи една кампања.“

Изјави социлогот Илија Ацевски професор на Филозовскиот факултет во Скопје кој додава:

„Обидите да се држи јавноста во една би рекол, кондиција на оптимизам, дека нешто битно се случува и некои нешта кои и би биле нормални во некоја ситуација им се дава една помпезност во јавните медиуми дека ете се прават некои нешта кои многу значат.“

Економистите со свои видувања и препораки:

„Јас би предложил некои амандмани на буџетот на државата. Амандманите би биле конкретно од намалување на позициите на Министерството за култура, а зголемување на позициите на Министерството за транспорт и врски, Министерството за економија и Министерството за земјоделство. Пренамена на средствата во доменот на образованието, можеби да се забрзаат во тој домен, но да се идентификуваат кои се приоритетите. Нели кров ако нема или нема тоалет, а ако сакаме да поставиме компјутер, ќе биде залудно доколку нема на што тој да се стави. Оттука се плашам дека се работи само за маркетинг на Владата.“

Вели професорот Зоран Ивановски од Економскиот факултет при Европскиот Универзитет. Граѓаните пак со различни видувања за активностите на Владата:

„Од се што слушам и што гледам ми се лоши и во ништо и во никого веќе неверувам.“

„Нешто ќе се реализира, но тоа е малку и не е доволно.“

„Ми се допаѓа европскиот став, ми се допаѓа транспарентноста.“

„Ова што го прави новата Влада е повеќе реклама. На граѓаните им требаат основни работи, вработувања, да се намали сиромаштијата, а да речеме нели набавка на нови компјутери, односно секој ученик да има компјутер, мислам дека попаметно би било прво да се средат училиштата.“
XS
SM
MD
LG