Достапни линкови

logo-print

Брисел: Состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ


Министрите за надворешни работи на Европската Унија денеска ја продолжуваат средбата чија цел е подготовка на состанокот на Европскиот совет што ќе се одржи на 14 и 15 декември. Во текот на вчерашниот ден тие изразија жалење поради забавеното темпо на реформите во земјава. Земјата треба да ги интензивира напорите во имплементацијата на реформите во полицијата и судството, борбата против организираниот криминал и корупцијата - се наведува во заклучоците од седницата. Земјите-членки на Унијата се договорија да бидат забавени преговорите за членство на Турција во Унијата со прекинување на осум од вкупно 35 поглавја, јавуваат агенциите.
XS
SM
MD
LG