Достапни линкови

Нема опасност, но треба да се биде внимателен


Во Македонија многу често посебно во пресрет на решавање на косовскиот статус се поставува прашањето за можна радикализација и дестабилизација. Претставниците на меѓународната заедница во земјава посочуваат дека не очекуваат ситуацијата да се движи во таа насока. Стручната јавност вели дека тоа е крајна можност, но сепак предупредува дека е потребна внимателност:

„Така наречениот албански фактор не верувам дека ќе биде заинтересиран со радикализација на состојбите да генерира ситуација на Балканот која што сепак ќе биде во крајна линија неповолна за иднината на Косово. Така што идната или претпоставената радикализација на состојбите во Македонија е невозможна, но се разбира никогаш не се вели не и во таа смисла треба да се биде внимателен.“

Изјави Ѓунер Исмаил поранешен член на национаниот Совет за безбедност. Професорот Стојан Кузев од Воената академија вели дека тоа не е можно на краток рок, но на подолг, ситуацијата е поинаква:

„Состојбите во Македонија во моментов се стабилни и решавањето на прашањето за статусот на Косово нема да влијае негативно на состојбите во Македонија. Решавањето на статусот во правец на создавање на нова самостојна држава значи кршење на принципот на ОН за неменливост на границите. Така што доглорочно гледано, ако овој принцип се прекрши може да се очекува дека ваквите амбиции во регионот и многу пошироко на Балканот и во Европа ќе бидат поттикнати.“

Додека партиите во земјава работат на приоритетите за влез во НАТО, поранешните членови на ОНА со барања до ДУИ и ДПА да се остварат нивните права како право на пензија, парична помош за семејствтава на загинатите. За да не дојде до дестабилизација и да се работи на постигнување на стандардите аналитичарите апелираат до Владата:

„Да почне сосема искрено и сосема компетентно да ги спроведува налозите што се содржани како во извештајот на ЕУ за состојбите во Македонија, така и во однос на барања кои што се во врска со НАТО критериумите. Доколку тоа Владата го прави на искрен, чесен и компетентен начин тоа ќе биде сосема доволно за Македонија да биде во орбитата на земји кои што ќе бидат конструктивни во регионот.“

Вели Исмаил.
XS
SM
MD
LG