Достапни линкови

Месиќ не демантира, но се сомнева во монтажата и тонот


Никаде не сум ги поддржал злосторствата на Ен Де Ха, вели хрватскиот претседател Стјепан Месиќ, коментирајќи ја спорната видео снимка на која тој го велича Десетти април денот кога била прогласена независната држава Хрватска. Месиќ се сомнева во веродостојноста на снимката, но потврдува дека говорот го оддржал во почетокот на деведесетите години во Австралија кога бил висок функционер на Туѓмановата Хрватска демократска заедница.

Хрватската јавност деновиве е преокупирана со објавената видео снимка на говорот на хрватскиот претседател Стјепан Месиќ во која, меѓу другото, вели:

„Во Втората светска војна хрватите два пати победиле. Немаме причина никому да му се извинуваме. Бараат од хрватите да клекнат пред Јасеновац. Нема зошто да клечиме. Ние два пати победивме. Другите само еднаш. Победивме на десетти април кога силите на оската ја признаа хрватската држава и победивме кон крајот на војната кога пак со победниците се најдовме на победничката маса.“

Претседателот Месиќ во целост не ја оспорува оваа видео снимка, но се сомнева во монтажата на сликата и на тонот. Сепак тој додава дека е можно оти одржал таков говор на еден од собирите пред хрватската дијаспора, најверојатно во Австралија во почетокот на деведесетите години:

„Да. Не се сеќавам точно кога тоа било, но очигледно е дека тогаш немав државни функции и оти бев на собир на дијспората во која имаше многу кои се носталгични по Ен Да Ха. Тие требаше да сфатат дека во победата над фашизмот учествувавме и ние.“

Вели Месиќ кој во врска со неговите забелешки на логорот Јасеновац вели дека целиот говор би требало да биде доведен во контекст на времето кога го одржал:

„Што се однесува до Јасеновац, во таа смисла јас исто така реков нешто што јасно ме става во тоа време кога во Србија говореа дека во Јасеновац биле убиени не осумстони илјади, туку милион и пол срби. Тоа беше историски фалсификат и не можев да им одам на рака на четниците кои се закануваа дека ќе ја уништат Хрватска.“

Хрватскиот претседател Стјепан Месиќ оценува дека пласирањето на видео снимката во овој момент не зачудува и оти зад тоа најверојатно стојат оние што сакаат да се заборави военото профитерство и грабежот. Тие, според Месиќ, сакаат во Хрватска да биде создадена атмосфера во која сите хрвати повторно би биле виновни за се.

„Во голем дел тие мрачни кругови би сакале да ме компромитираат и на тој начин повторно да ја вратат Хрватска во водите на Ен Де Ха, но тоа нема да им успее.“

Изјави Месиќ. Инаку, поради објавувањето на неговата снимка на Хрватската телевизија, тројца нејзини уредници се суспендирани со оценка дека непрофесионално и сензационалистички ја пласирале на програмата на Ха Те Ве.
XS
SM
MD
LG