Достапни линкови

Меѓународната заедница молчи, Македонија има право да ги штити правата на Македонците


Македонија речиси секогаш е под притисок во случаите кога се грижи за правата на македонското малцинство, и ја обвинуваат за мешање во внатрешните работи на соседните земји, вели стручната јавност во земјава и додадава дека за да се избегне оваа ситуација борбата за македонското малцинство треба да ја води со лобирање за нивните права и за да се постават прашањата за кршење на нивните права. Претставниците на меѓународната заедница со краток коментар дека секоја земја треба да ги почитува малцинствата согласно со стандрадите воспоставени во документите на Советот на Европа, ОБСЕ.

„Владата и по Уставот и по меѓународно право има можност да ги штити и афирмира човековите и граѓанските слободи и права било каде во светот. По сите декларации и конвенции и затоа е неприфатлив индиферентниот однос на владата,“

изјави Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес

Во последно време се актуелизира стариот проблем со партијата на македонците во Бугарија ОМО Илинден, притисоци врз членовите и симпатизерите, неделава беа урнати табли на албански и македонски јазик за добредојде во Пусец . Неколку пратеници од влаедачката ВМРО-ДПМНЕ испратија писмо до европскиот парламент со кое од европртаениците бараат да се осуди бугарската репресија врз членовите на ОМО Илинден, а Демократската обнова за Македонија поднесе до Собранието Декларација за поддршка на македонците во соседните земји

„Има некои, да речам, три вида на средства. Првото е кога дипломатијата на таа земја, преку свои канали инсистира и бара другите земји да ги почитуваат конвенциите. Воторо средство е лобирање преку пријатели, групи и меѓународни организации. И трето, органите, како владата и парламентот да донесуваат акти,“

изјави Благој Зашов од собраниската Комисија за надворешна политика. Македонците од Албанија ги повикуваат надлежните во земјава да лобираат за нивните права.

„Ние во моментов немаме што да им обезбедиме и ветиме на луѓето. Се бориме само на патриотска основа,“

изјави Тако Граждани потпретседател на Здружението за заштита на правата на Македонците, Преспа.
XS
SM
MD
LG