Достапни линкови

Милиони луѓе бараат итна акција на владите за спречување на корупцијата


Милиони луѓе во светот секојдневно се соочуваат со корупција и бараат итна акција на нивните влади за да ја спречат. Ова е заклучокот на годишниот Барометар за глобалната корупција на Транспаренци Интернешнл, објавен пред утрешениот меѓународен антикорупциски ден.

,,Барометарот две илјади и шестта,, всушност е испитување на јавното мислење што за Транспаренси Интернешнал го спроведе Галуп во повеќе земји во светот. Станува збор за тоа како на корупцијата гледаат обичните граѓани, нивите искуства со подмитувањето и за кои сектори мислат дека се најзафатени со оваа појава. ,,Корупцијата има драматични ефекти врз животот на луѓето и нејзината моќ е огромна,, вели Хакет Лабел од Транспаренси Интернешнал. Повеќето од испитаниците имаат лошо мислење за анти корупциските напори на нивните влади. Шеесет и девет проценти велат дека владите се неефикасни во борбата против корупцијата, односно дека или не преземаат никакви мерки или пак напротив со своите постапки ја охрабруваат. Само дваесет и два процента оценија дека нивните влади водат ефективни акции против корупцијата. Регионално, четириесет и два насто од Европејците и пеесет насто од северноамериканците мислат дека акциите на нивните влади се неефикасни. Резултатите во барометарот покажуваат дека поткупувањето е најизразено и најраширено во полицијата. На пример во Латинска Америка секој трет испитаник рекол дека контактот со полицијата го завршил со подмитување. ,,Граѓаните сметаат дека полицијата треба да ги заштити, а судството да ги казни криминалците. Но, кога тие се на продажба, луѓето едноставно ја губат вербата, Некои од нив дури ја преземаат правдата во нивни раце,, додава Лабел. Обичните граѓни, како што се наведува во извештајот, забележуваат дека најзафатени институции со корупцијата се политичките партии, по што следуваат парламентите, а на трето место е бизнис секторот. И додека полицијата се најде на прво место во ставката на личното искуство на граѓаните со подмитувањето, според нивното мислење за најкорумпирани институции, полицијата е на четвртото место, значи по партиите, парламентот и бизнисот. Имено, за граѓаните токму политичкиот живот е најкопромитиран со корупција. ,,Корупцијата се инфилтрира во јавниот живот и тоа и е најдоброто засолниште,, вели Робин Ходс, директор за истражувања во Транспаренси, додавајќи, пратениците се избираат со прецизна мисија да ги стават интерсеите на нивните граѓани над сопствените. Барометарот покажа дека ваквата доверба е нарушена во многу земји. Инаку, глобално само три институции имаат извесни позитивни резултати: верските заедници, невладините организации и матичните уреди. ,,Извешатојот е повик за будење за владите кои треба борбата против корупцијата да ја стават на првото место,, заклучува Хакет Лабел.
XS
SM
MD
LG