Достапни линкови

Анкара: Началникот на генералштабот на турската армија против предлогот на владата за Кипар


Началникот на генерал-штабот на турската армија Јашар Бујуканит изрази противење на предлогот на владата на Турција да отвори едно пристаниште и еден аеродром за сообраќај со Кипар, за да се овозможи продолжување на преговорите со Европската Унија. Генерал Бујуканит оцени дека таквиот предлог е во спротивност со досегашната официјална државна политика, додавајки дека војската не била консултирана.
XS
SM
MD
LG