Достапни линкови

Пекинг: Големиот број нереди во Кина ја доведуваат во прашање комунистичката власт


Во коментарот на кинеската агенција Ксинхуа се вели дека се поголемиот број нереди во земјата ја доведуваат во прашање комунистичката власт во Кина. Агенцијата наведува дека власта е рамнодушна кон многубројните протести и инциденти, против кои, се почесто се употребува сила. Причина за нередите е наглиот економски раст во Кина во последниве неколку години кој доведе до големи разлики меѓу богатите и сиромашните.
XS
SM
MD
LG