Достапни линкови

Москва: Различни информации за состојбата на Димитри Ковтун, клучен сведок во случајот Литвиненко


Светските агенции јавуваат различни информации околу здравствената состојба на рускиот бизнисмен Димитри Ковтун, клучен сведок во истрагата за труењето на поранешниот руски шпион Александар Литвиненко. Руската агенцијата Интерфакс повикувајќи се на неименуван извор, јавува дека состојбата на Ковтун е критична, односно дека тој паднал во кома веднаш по неговото испрашување од страна на руските и детективите на Сконтланд Јард. Останатите агенции пак, повикувајќи се на Андреј Ромашов, адвокат на Андреј Луговој уште еден сведок во случајот со Литвиненко, соопштуваат дека состојбата на Ковтун е задоволителна. Поранешниот рускиот шпион Литвиненко почина на 23 ноември во Лондон, откако беше отруен со ретка радиоактивна супстанца.
XS
SM
MD
LG