Достапни линкови

Уставот и законот не го дозволуваат предлогот на власта


Не е можно да се направи реизбор на сите судии, вака накратко реагира стручната јавност на најавата од ВМРО-ДПМНЕ дека треба да престане мандатот на сите судии, а потоа да се направи повторен избор од новиот Државен судски совет. За нив е спорен мандатот на постоечките судии затоа што се избрани од парламентот или како што велат од политичките партии кои имаа мнозинство во собранието. Судиите објаснуваат дека Уставот предвидува траен мандат, а се разрешуваат според прецизно утврдени услови или како што се вели во Законот за судовите, судијата се разрешува поради потешка дисциплинска повреда и поради нестручно и несовесно вршење на судсиската функција под услови утврдени со закон

„Уставот и законот за судовите тоа не го дозволуваат, друг коментар не е потребен. Некому, во политиката или надвор од неа, можеби му пречат судиите, но за да се спроведе тоа, треба да се смени Уставот. Јасно е дека судиите се избрани, тие се со траен мандат, услови и начин за разрешување е утврдено во Уставот и новите амандмани,“

изјави Дане Илиев претседател на Врховниот суд. Реакции и опозицијата. Оттаму велат дека дека оваа идеја значи непочитување на принципот владеење на правото

„Уставните измени не предвдидуваат генерален реизбор на судиите. Било какво постапување надвор од постојните закони ќе значи излегување од владеењето на правото, но и несигурност, затоа што секоја измена на закон може ретроактивно да значи загрозување на она што веќе еднаш сте го стекнале,“

изјави Мери Младеновска Георгиевска пратеник од опозициската СДСМ и поранешен министер за правда која додава дека разрешувања се можни, но само во поединечни случаи. Од министерството за правда исто така објаснуваат дека мандатот на актуелните судии продолжува, бидејки тоа е регулирано во новиот Закон за судови. По конституирањето на новиот Државен судски совет што треба да се случи кон средината на овој месец, тој ке ги избира и разрешува судиите согласно со закон.
XS
SM
MD
LG