Достапни линкови

Поддршка од власта и опозицијата


Новото изменето законско решение за Народната банка кое доби зелено светло во Собранието, меѓудругите предвидува две позначајни промени. Во законските измени, е предвидено 30% наместо досегашните 20% од добивката на Народната банка да се издвојува за Буџетот, а 70 отсто се предвидени за зголемување на општите резерви. Освен оваа, во иднина согласно изменетото законско решение за, гувернерот ќе има зголемени ингеренции, односно неговите одлуки за донесување и спроведување санкции за некоја банка ќе бидат конечни, извршни и без право на жалба на засегнатата банка пред судовите. Образложувајќи го законот пред парламентарците Министерот за финансии Трајко Славевски истакна дека со ова решение гувернерот ќе може поефикасно да делува за средувањето на некои состојби во комерцијалните банки кои се под надлежност на Народната банка. Новото законско решение го прифаќа и опозицијата која ја даде подршката во Парламентот. Оттаму се согласуваат дека тој е во согласност со потребата од банкарски реформи:

„Мислиме дека заради реформите, заради напредокот на Македонија треба да се даде подршка и заради тоа СДСМ не се претставува како кочничар, значи несакаме повторно да ни импутираат дека сме кочничари на одредени реформи и затоа мислиме дека на таков начин треба да се обезбедува подршка за сите значајни проекти.“

Изјавува Оливер Спасовски од СДСМ. Но, во партијата како што истакнува Спасовски останува дилемата околу зголемните надлежности на гувернерот и можноста поради тоа законот да се најде пред Уставниот суд и да биде оспорен:

„Имаме одредена резерва во тој дел меѓутоа ќе го оставиме законот да заживее во тој дел меѓутоа ќе го оставиме на понатамошни инстанци да видиме како ќе заживее законот во тој дел, па ако треба понатаму ќе побараме измени.“

Вели Спасовски. На иста линија е и опозиционата Демократска Унија за интеграција. Пратеникот Џевад Адеми од оваа партија кој воедно е и претседател на собраниската комисија за финансирање истакнува:

„Не сум многу сигурен колку е во духот со Уставот и колку е уставен овој изменет текст на законот за Нардона Банка на Македонија во духот на Уставот.“

изјавува Адеми.

Измените на законот за Народната банка на Македонија, како што соопшти Министерството за финансии, е усогласен со Меѓународниот Монетарен Фонд и Светската банка.
XS
SM
MD
LG