Достапни линкови

logo-print

Буш ќе објави нов курс за Ирак до крајот на годинава


Американскиот претседател Џорџ Буш вети дека сериозно ќе ги земе в предвид препораките во извештајот на студиската група за Ирак. Тој ќе ги компарира препораките од панелот со студиите кои се очекуваат од војската и Националниот Совет за Безбедност пред да даде било каков заклучок за тоа што треба да се промени за решавање на кризата во Ирак, изјави за Си Ен Ен портпаролот на Белата Куќа Тони Сноу, Според Сноу, претседателот Буш до крајот на годинава се надева дека ке објави нов курс за Ирак.

Актуелната политика кон Ирак не функционира, констатира 10 члената група од двете партии предводена од поранешниот државен секретар Џемјс Бејкер. Групата побара повеќе дипломатија за постигнување стабилност во Ирак, тренинг на ирачаните со цел повлекување на американските војници од борбите до 2008 година. За тоа, според групата, е потребно, вклучување во преговорите и на соседите Сирија и Иран. Претседателот Буш најави дека извештајот ќе биде сериозно сфатен.

„Ургирам до членовите на конгресот сериозно да го сфатат извештајот. И додека тие нема да се согласат со секој предлог, и ние веројатно не можеме да го прифатиме секој предлог. Како и да е, ова е шанса заедно да работиме.“

Белата куќа ги отрфли можностите за директни разговори со Иран доколку Техеран не ги запре претходно своите нуклеарни активности.
Иранскиот министер за надворешни Манушер Мотаки, пак синоќа од Холандија во врска со извештајот и препораките на американската група за Ирак за Ирак изјави дека според неговото сфаќање камен темелник на извештајот на групата на Џејмс Бејкер е дека политиката на официјален Вашингтон била погрешна и треба да се смени.

„Можеби, Соединетите Држави имаат потреба од добар крај на кризата во Ирак. Ако е тоа така, ние сме во позиција да помогнеме.“



„Можеби ќе се прашате како. Не знам како..... Тоа тие треба да го кажат. Но ние сме во позиција да помогнеме да заврши кризата во Ирак.“

Извештајот на групата на Бејкер го поздрави и Сирискиот министер за надворешни работи. Според Бутаина Шабан, тоа значело крај на американската интервенција во регионот. На прес конференција во Лондон зборуваше Маргарет Бекет шефица на британската дипломатија.

„Ние ја поздравуваме публикацијата на студиската група за Ирак. Ние имаме импресија дека нивното мислење е на иста линија со нашето.“

Во Вашингтон, како што е најавено, денеска патува британскиот премиер Тони Блер. Како главна тема на разговорите со Буш се наведува ситуацијата во Ирак.
XS
SM
MD
LG