Достапни линкови

Опозицијата најавува построга контрола на работата на владата


По истекот на стоте дена од владата, опозицијата најавува уште построга контрола на работата на владата, бидејки како што велат досега не е сработено речиси ништо од ветеното во изборната кампања. Нашиот инструмент како опозиција е да укажуваме на пропустите и да бидеме конструктивни во поддршка на проектите кои се издржани. Ние не можеме да го наметнеме темпото на работа, велат од опозициските партии. Има работи што можеше да се сработат во овој период

„Мислам дека треба да бидат разумни и да не ја прекинат најголемата инвестиција во Република Македонија, а тоа е инвестицијата на ЕВН во ТЕЦ Неготино. Многу ригидно си поигруваат со еден комбинат како Силмак, кој има исклучително политичко значење, пред се за Македонците во тој крај, се разбира и за Албанците и за другите граѓани. Посебно со некои потези во енергетиката можеа да спасат некои работи,“

изјави Јани Макрадули од Социјалдемократскиот сојуз. И од опозициската ЛДП посочуваат дека не само што нема ништо од најавуваните странски инвестиции, туку дека не е создадена клима да се задржат претходните. Оттаму и загриженост за состојбата на политичката сцена

„Во Македонија би го цитирал извештајот на ЕК, имаме криза на дијалогот. Не само меѓу власта и опозицијата, туку и меѓу партиите на Македонците и Албанците. Тоа е голем минус, којшто ако не се надмине не може да се надеваме на интеграција, бидејќи во извештајот од Брисел јасно пишува дека чекорот кон ЕУ е забавен, а не како што пишува во огласот на ВМРО-ДПМНЕ,“

изјави Андреј Жерновски од ЛДП. Според опозициските партии владата мора во иднина да ги слуша предлозите на опозицијата

„Не се подготвени ниту да слушнат, ниту да учат, ниту да притиснат копче за лесна узбуна, бидејќи проекцијата којашто ја имаат во овој момент за тоа како ќе се развива Македонија не да им е на стаклени нозе, туку на идеални стаклени нозе,“

вели Макрадули.
XS
SM
MD
LG