Достапни линкови

logo-print

Њујорк: Според Анан, ситуацијата во Ирак полоша од граѓанската војна во Либан


Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан изјави дека верува оти сегашната ситуација во Ирак е полоша одколку ситуацијата која се сметаше за граѓанска војна во Либан. Коментарот на Анан за БиБиСи доаѓа по пронаоѓањето на 30 тела и другите убиства вчера во Ирак во верските насилства кои продолжуваат. Американскиот претседател Џорџ Буш за запирање на крвопролевањето во Ирак во Белата куќа ќе разговара со водечкиот шиитски политичар Абдул Азис ал Хаким.
XS
SM
MD
LG