Достапни линкови

За социјализам и иднината на Венецуела


За социјализам и иднината на Венецуела. Со оваа порака на симпатизерите од терасата на претседателската палата во Каракс им се обрати од претседателот на Венецуела Уго Чавез кој на вчера одржаните претседателски избори е повторно избран за шеф на државата. Чавез освои над 61 процент, а неговиот противник социјал демократот Мануел Росалес речиси 39 насто.

Уго Чавез доби уште еден 6 годишен мандат да ја води Венецуела. Левичарскиот популист од палатата Мирафлорес во Каракас им се обрати на симпатизерите со следната порака.

„Денеска јас потврдувам дека се е постигнато. Големата победа на Боливарската револуција е постигната – уште една голема победа која им ја предавам на народот на Венецулела.“

Чавез прогласи победа откако резултатите покажаа дека добил на 61 насто од 78 проценти од преброените гласови. Опозициониот ривал Мануел Росалес доби над 38 насто, беше соопштено од Националниот изборен совет. Росалес го призна поразот, со напомена дека тој и неговите социјал демократи ќе започнат борба за изградба на но ва иоднина на Венецуела. Изборите ги следеа над илјада посматрачи од Европската Унија и организацијата на американските земји. Уго Чавез, кој е сојузник на Куба и на Иран изјави дека неговата победа е всушност пораз на американскиот претседател Џорџ Буш кој според венецуелскиот претседател е опасен империјалист. Тој се обидува да направи мулти поларна алијанса против владата на америакнскиот претседател Буш. Неговата политика имено е критикувана од Соединетите Држави и од други земји на Јужна Америка. Чавез разви силни економски врски со Кина, купува оружје од Русија. Тој формира радикален триумвират со Кубанскиот претседател Фидел Катсро и боливискиот Ево Моралес. На домашен план изврши конфискација на земјиштето и приватните фирми, ја национализираше нафтената индустрија. Чавез син на учител од ранч во Баринас и се приклучил на армијата на 16 години. Неговото скромно потекло, му донесе масовна подршка која резултираше со победа во 1998, а во 2002 преживеа пуч.
XS
SM
MD
LG