Достапни линкови

Скопје: Седница на Советот за безбедност


Советот за безбедност денеска ќе одржи седница на која ќе бидат разгледани заклучоците донесени од Самитот на НАТО во Рига и ќе бидат утврдени приоритетите во понатамошниот процес на евро-атланските интеграции. Претседател на Советот е шефот на државата Бранко Црвенковски а членови се премиерот Никола Груевски, претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски, министрите за внатрешни работи и за одбрана Гордана Јанкуловска и Лазар Еленовски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.
Со одлука на претседателот Црвенковски, за членови на совоетот се именувани и Муса Џафери, Имер Селмани и Јован Манасиевски.
XS
SM
MD
LG