Достапни линкови

logo-print

Сo кампањски акции без апсење на идејните лидери борбата против организираниот криминал е неуспешна


Борбата против криминалот без сомнение го подразбира елементот јавност, но не смее да се избрзува со имињата на приведените за кои допрва ќе се докажува дали сториле кривично дело, реагираат експертите по кривично право, по акцијата на полициските органи во која беа приведени двесеттина лица за вмешаност во акциите Бачило и нелегална денационализација.

„Ваквото отстапување од прописите на кривичното право, апсолутно е недопустиво, претставува повредена на принципот на презумпцијата на невиност.“

објаснува професорот по кривично право Љупчо Арнаудовски.
На прашањето дали ваквата акција ја одразува политичката волја на владата да го сузбие организираниот криминал, Арнаудовски одговара:

„Тој неможе да се сузбие на овој начин, тој бара една систематична и постојана акција особено на институциите на прогонот за да може успешно да се сузбие, бидејќи тој постојано се појавува во нови односи и во нови облици.“

Од позиција на поранешен претседател на иницијативата за борба против корупцијата Џевдед Хајредини, смета дека се додека не се уапсат идејните лидери на целата организирана операција, акцијата неможе да се смета за успешна:

„Ние веќе неколку циклуса после изборите, партиите на власт се обидуваат да направат вакви спектакуларни апсења и после тоа ништо не испаднало, само страдаат невини и некои кои што не се толку битни.“

Од канцеларијата на Европската Унија во Скопје не сакаат да ги коментираат последните акции на МВР. Велат оти тоа е работа на македонската влада, но остануваат на својот став дека токму борбата против организираниот криминал и корупцијата се најважната обврска на земјата во евро-интегративните процеси. Од МВР вчера потврдија дека деветнаесет лица, меѓу кои директори, нотари, адвокати, поранешни судии биле вклучени во неколку кривични дела, перење пари, злоупотреба на службената положба и измама. Според досегашните наоди на полицијата тие го исконструирале случајот Бачило за да ја покријат аферата нелегална денационализција, во која преку фиктивни хипотекарни договори се здобивале со државно земјиште чија пазарна вредност достигнувала 5 милиони евра.
XS
SM
MD
LG