Достапни линкови

logo-print

Брисел: Од јануари 2008 година ќе се укине граничната контрола на десетте нови членки на ЕУ


Контролата на внатрешните граници на десетте нови членки на ЕУ ќе биде укината во 2008 година доколку бидат исполнети сите неопходни услови. Се очекува новиот план да биде прифатен од европските министри за внатрешни работи на средбата во вторник, јави Франс прес. Според предвидениот план, од први јануари 2008 ќе биде укината контролата по копнените и морските граници на осумте новопримени членки од источноевропските земји, како и Кипар и Малта. Најдоцна до 30 март истата година ќе биде укината контролата и по аеродромите на овие земји.
XS
SM
MD
LG