Достапни линкови

Рига: Денеска завршува самитот на НАТО


Денеска во Рига завршува самитот на НАТО, на кој главни теми се трансформацијата на алијансата и ситуацијата во Авганистан. Американскиот претседател Џорџ Буш вчера изрази надеж дека НАТО во 2008 година ќе биде во можност да им понуди членство на Македонија, Хрватска и Албанија. Македонскиот премиер Никола Груевски, кој синоќа отпатувал за Брисел, за Сител изјави дека ваквата најава на Буш е најдобрата вест што ја слушнал годинава, додавајќи оти Македонија најверојатно ќе стане членка на НАТО во 2009-та година. Што се однесува до расправата за Авганистан, првиот човек на Алијансата Јап де Хоп Схефер и американскиот претседател ги повикаа земјите членки да испратат дополнителен број војници на југот на оваа земја, поради растечките закани од Талибанците. Според агенциите, некои земји се согласиле да го тргнат ограничувањето на бројот на војници кои ги пракаат во Авганистан, а критики биле упатени спрема државите кои ги чуваат своите трупи во побезбедните зони во таа земја. Инаку, по повод самитот на НАТО во Рига, Министерството за одбрана на Република Македонија во шумскиот резерват „Јасен“ организира Средба со амбасадорите и воените аташеа акредитирани во земјава.
XS
SM
MD
LG