Достапни линкови

logo-print

Законите само на хартија, во пракса правата на пациентите не се заштитени


Со законот за заштита на правата на пациентитe, треба да се намали нездоволството од односот кон осигурениците во болниците. Но до правата што и досега беа гарантирани во разни закони, пациентите тешко стигнуваа. Затоа многумина се сомневаат дека со воспоствување повеќе правни норми во еден закон, внимнието освен кон здравствените работници да го сврти кон пацинетите, но осигурениците од старт се сомневаат:

„И да ми отпаднат нозете веќе не одам на лекар. Ништо нема да помогне. Некој си зема плата, ништо нема од тоа. Дури ако отворам уста, таква ароганција, не смее да ги прашаш ништо, нема лек за тебе и готово, за вас има, за мене нема, ете тоа е.“

Додека пациентите не веруваат дека со воспоставуавњето повеќе правни норми ќе смени односот на медицинскиот персонал во болниците, во министерството за здравство велат дека со измените се очекува поголема заштита и на пациентите и на лекарите. Бидејќи секој ќе знае кои се неговите права и обврски:

„Влегуваме во болница, од тој момент докторот што го води ќе мора да направи план за негово лекување. Сега ќе мора да разговара со него.“

„Секоја јавна здравствена установа ќе има советник за заштита на правата на пациентите. Значи, личност каде што пациентите може да се обратат и да проследат жалби ако не им се остварени правата. Законски да биде овозможено да се бара второ мислење.“


велат Снежана Чичебалиева и Владо Лазаревиќ од Министерството за здравство.

Др Симо Силјановски од Синдикатот за здравство смета дека правата на пациентите може да бидат гарантирани кога ќе биде дефиниран пакетот на услуги во здравството.

„Кога ќе кажеме нема материјал почнуваат кавгите. А, нема средства. Даваме лажна надеж со фондот дека има огромна моќ, а нема, пакет на услови имаа извонредно поставен на хартија но тоа не може да се овозоможи.“
XS
SM
MD
LG