Достапни линкови

logo-print

Годинава ниту со четири насто економски пораст, различни мислења за догодина


Очекуваните четири насто економски раст до крајот на годинава нема да можат да се достигнат, прогнозираат економските екперти. Кон ова ќе придонесе нискиот економски раст од 2,6 насто во првата половина од годината но и песимистилките најави на второто полугодие смета економскиот аналитичар Абдулменаф Беџети.

„Второто полугодие може да биде уште попесимистички, имајќи го предвид престанокот на работа на одредени капацитети, на пример, Макстил редуцира капацитети, Силмак редуцира капацитети, токму тие носечки капацитети се редуцираат поради недостиг на електрична енергија, така што може да се очекува и влошување во тој дел, но секако не може да се очекува економски раст од четири насто.“

Економски раст од најмногу 3,5 проценти исто така очекува и неговиот колега Димитар Богов од центарот за економски анализи кој сепак смета дека се создадени одредени претпоставки за подобрување на сликата од првата половина на годината.

„Ќе има одредени подобрувања, особено тоа се гледа во извозот, порастот во однос на лани достигна и до 40 насто. Зголемениот извоз, како и зголемените инвестиции коишто беа присутни уште во првата половина, ќе придонесат за интензивирање на економскиот раст.“

Ова не би требало да има влијание врз постигнување на проектираниот економски раст од шест насто за наредната година, смета Богов. Овој процент на економски раст тој го смета за реален наведувајќи ги како аргументи за тоа згомененот извоз во последниве месеци, значително зголемените инвестиции во однос на истиот период минатат госина како и воведувањето на рамниот данок и преземените мерки за поедноставување на административните пречки за водење бизнис.

За разлика од него Беџети смета дека стартната основа од годинава ќе се одрази на проекциите за наредната година токму поради нарушената динамика која е еден од влијателните фактори. Освен тоа според Беџети успех во постигнување на повисок економски раст се постигнува врз основа на потенцијални ресурси и поттикнувачки дополнителни мерки а во преземените мерки на владата тој не гледа доплнителна и поттикнувачка моќ. Инвестициите, јавната побаравучка и надворешниот биланс во наши услови се со лимитирачки капацитет, додава Беџети.

„Освен јавната потрошувачка, ние немаме некој друг од овие четири фактори што би повлекле поголем економски развој во 2007 година.“
XS
SM
MD
LG