Достапни линкови

Багдад: Продолжува судењето против поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин


Во Багдад денеска продолжи судењето против поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин кој е обвинет за геноцид врз курдите пред осумнаесет години. Обвинителството наведува дека Хусеин и шестмина негови соработници се одговорни за убивање на над сто и осумдесет илјади курди. Садам Хусеин во почетокот на овој месец беше осуден на смртна казна поради убиство на сто четириесет и осум шиити по неуспешниот обид за негово убиство.
XS
SM
MD
LG