Достапни линкови

Брисел: Пропаднаа разговорите меѓу ЕУ и Турција за прашањето за Кипар


Разговорите меѓу Европската Унија и Турција за прашањето за Кипар пропаднаа со што е загрозено и продолжувањето на преговорите на Анкара за членство во Унијата. Ова денеска го изјави шефот на финската дипломатија Ерки Туомиоја, најавувајќи дека за судбината на овие преговори Унијата ќе треба да реши на единаесетти идниот месец. Брисел бара од Турција до крајот на годинава да ги отвори своите пристаништа за кипарски бродови, но Анкара вели дека тоа ќе го стори откако Европската Унија ја прекине економската блокада на северниот турски дел на Кипар.
XS
SM
MD
LG