Достапни линкови

Некогаш има епилог, некогаш не, но секако се можност за неформално дружење


Речиси три месеци, македонската јавност се занимава со прашањето за политички дијалог меѓу лидерите на водечките партии во земјава, а со најголемо внимание се ,,мери,, секое поздравување меѓу актуелниот премиер Никола Груевски и лидерот на опозиционата Демократска Унија за интеграција од албанскиот политички блок Али Ахмети. Од досега неколкуте организирани средби, само еднаш се сретнаа најповиканите Груевски и Ахмети, а останатите собири, меѓу кои и онаа во Маврово, помина без пристуството на лидерот на ДУИ. Но, додека вниманието е концентрирано на поголемите, на овие средби незабележително поминува присуството на помалите политички партии подготвени на разговор. Што се добива од овие средби? Кои се придобивките од овие средби, преставуваат ли можност за да се договори нешто конкретно, но воедно и за неформално дружење. Пратеникот од Демократската партија на србите Иван Стоиљковиќ изјавува:

„Тие средби се најкорисни ако ништо друго, барем за да се запознаеме меѓу себе затоа што во Собранието, секој со своето друштво, со својата „банда,, и има многу тешка комуникација меѓу нас. Добро јас сум комуникативен со сите, но гледам за другите и затоа тие средби се битни за да се запознаеме меѓу себе.“

Потенцира Стоиљковиќ. Пратеникот од Демократската партија на турците Кенан Хасипи пак, вели дека многу посериозно ја разбира суштината на овие лидерски средби. Според него целта на потребноста од нив во моментов е концентрирана на воспоставување договор за законите потребни за донесување со Бадентер согласно рамковниот договор.

„Во преден план се прашањата кои што се од витален интерес за државата, затоа ако некој ги гледа овие средби низ призма на дружење тоа е негов проблем и затоа или ќе ја прифатиме реалноста таква каква што е, и ќе седнеме да се договориме како луѓе или ќе дојдеме во многу непријатна ситуација.“

На последната средба меѓу лидерите во Маврово беше присутен и пратеникот Шабан Салиу од Сојузот на ромите. Еве какво е неговото размисување, за придобивките од овие средби:

„Па секако на тие лидерски средби има и дружења меѓу претставниците на политичките партии и меѓусебните неофицијални разговори се добри, бидејќи се создава една атмосфера на пријателство меѓу политичките претставници.“

Забележува Салиу.
XS
SM
MD
LG