Достапни линкови

Ако има економски раст, нема опасност од кредитното задолжување


„Со банките гледам да имам што помалку работа.“

Вака еден граѓанин го опишува искуството што го има со банкарскиот сектор во државава. Лесно и брзо доделување кредитни картички, разни банкарски кредити, со назначка „поволни услови“ е примамливата понуда што до клиентите се нуди во секоја банка. Граѓаните, се меѓу најголемите корисници на кредитите, а меѓу нив најактрактивни се потрошувачките кредити и кредитните картички. Според анкетата спроведена од страна на Народната Банка на Македонија, забележан е значителен тренд на зголемување, па во октомври побарувачката за потрошувачките кредити е зголемена и изнесува 71,9% во однос на јули кога изнесувала 53, 2%. Кредити се користат, но не поради подобрите услови или поволните камати, туку да се истурка крај со крај во услови на сиромаштија, ја објаснуваат граѓаните потребата што најчесто ја имаат кога се задолжуваат со кредити во банките:

„Луѓето земаат можеби картички, како можност да земат кредит.“

„Мислам дека ништо не се добива, тоа е само живеачка на кредит што се вика.“

„Граѓаните за свои потреби земаат, за да излезат крај со крај, за децата оние кои што имаат студенти, бидејќи примањата се слаби, а повеќе се и невработени, и мораат да земаат кредити, меѓутоа каматите се многу високи.“


Забележуваат граѓаните. Ваквата ситуација е само актуелна, сметаат пак економските експерти. Според Димитар Богов експерт од областа на банкарското работење во Центарот за економски анализи, суштината на користењето на кредитните услуги и во нашава земја слично на европските треба да се очекува дека ќе се менува со порастот на животниот стандард:

„Токму тоа е улогата на кредитот, да им овозможи на луѓето сега да потрошат нешто, кое што со нивните подоцнежни приходи ќе го покријат. Ако во Македонија очекуваме во наредениот период позначителен економски раст, треба да очекуваме дека и животниот стандард ќе расте така што не би требало да има некоја опасност од ова задолжување на населението.“

Но, каматните стапки кои што ги плаќаат граѓаните при користењето на кредити по разни основи се движат од 8 до 15%, што државата ја сврстува мегу земјите со највисоки камати. Причините ги објаснува економскиот експерт Богов:

„Македонија има повисоки без ризични каматни стапки и веројатно премијата за ризик е повисока.“

изјавува Богов.
XS
SM
MD
LG