Достапни линкови

Тал Афар: Над 20 загинати во експлозија на автомобил бомба


Ирачката полиција соопшти дека во денешната експлозија на автомобил бомба во градот Тал Афар загинале над дваесет луѓе, додека триестина биле повредени. Се претпоставува дека станува збор за самоубиствен напад. Во вчерашната серија на верски мотивирани напади во Багдад, според последните информации, загинале над двесте луѓе. Во Багдад е воведен полициски час.
XS
SM
MD
LG