Достапни линкови

Багдад: Полициски час по серијата напади во Багдад


По серијата напади во Багдад од кои во вчерашните загинаа 150 лица, а повредени се над 250, во градот е воведен полициски час. Лидерите на трите водечки ирачки заедници- шиитите, сунитите и курдите, го повикаа народот на мир. Апелот на ирачкиот претседател, курдот џалал Талабани, потпретседателот, сунитот, Ал Хасими и шиитскиот лидер Ал Хаким го пренесе државната телевизија. По овие напади, двата главни аеродроми во Ирак, во Багдат и во Басри, како и трите пристаништа, се затворени.
XS
SM
MD
LG