Достапни линкови

Брисел: ЕУ планира мисија од 1000 лица распоредени на Косово


Европската Унија планира мисија од околу 1000 лица кои ќе бидат распоредени на Косово, откако мисијата на ОН ќе се повлече од покраината, изјави личниот пратеник на Хавиер Солана на Косово, Торборн Солстром. Шведскиот дипломат истакна дека меѓународното присуство на Косово, кое што ќе биде под раководство на ЕУ, нема да ги има истите надлежности како високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина. Солстром, кој беше испратен од високиот комесар за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Хавиер СОлана за да го подготви преминот од седумгодишната мисија на ОН, изјави дека Брисел планира многу поограничена мисија во однос на размерот, опфатот, надлежностите и времето на дејствување.
XS
SM
MD
LG