Достапни линкови

Поддршка од Унгарија за влез во НАТО и ЕУ


Македонија ја има поддршката од Унгарија во евроатлантскиот интеграциски процес, беше заклучено на денешните средби мегу унгарскиот премиер Ференц Џурчани и државниот врв на земјава. Џурчани кој во рамки на ргионалната турнеја денеска ја посети македонија истакна:

„Кога станува збор за НАТО ситуацијата е јасна тајмингот е јасен и според нас реален датум кога Република македониај може да добие покана за членство е 2008 година. Ние ке направиме се наредната недела во Рига таа порака да биде објавена. Кога се говори пак за Европската унија тука треба многу работа.“

Премиерот Никола Груевски пак истакна дека треба да се работи на подобрување на економските односи мегу двете земји

„Ми се чини дека се потребни поголеми напори како од страна на владата, така и од страна на коморите за интензивирање на контактите меѓу бизнисмените и за поголема трговска размена и инвестиции меѓу државите.“

Во областа на економијата Унгарија се издвојува како земја со најголем износ на инвестиции како резултат на превземањето на Македонскиот телеком од страна на унгарската компанија Матав во 2001 година за 310 милиони американски долари, или учествува со околу 20 проценти во сумата на вкупните инвестиции од осамстојување на државава кои пак изнесуваат речиси 1,6 милијарди американски долари.
Кога се говори за трговската размена, од министерството за економија информираат дека од 1 април 2004 година трговската соработка мегу двете земји се одвива во рамки на Спогодбата за сатбилизација и асоцијација. Во структурата на вкупниот обем на трговска размена на Република Македонија со светот, во 2004 и 2005 година Унгарија учествува со 0,7 проценти и го зазема 24-тото место на листата земји со кои државава има трговска размена. Во рамки на разменета со Европската унија, остварениот обем е на мошне ниско ниво и во 2004 и 2005 изнесува 1,4 проценти односно 1,5. Ова укажува дека во трговската размена посебно во делот на извозот стопанствениците слабо или се уште не отпочнале да ги користат бенефициите кои се овозможени со мултилатералниот Договор за слободна трговија.
XS
SM
MD
LG