Достапни линкови

logo-print

Решавање паралелно со статусот


Во моментов ставот на македонската влада за прашањето во однос на демаркацијата на границата со Косово е дека тоа е техничко прашање и оти треба да се одвива паралелено со решавање на статусот на Покраината. На ова прашање во владата не гледаат како на политички проблем, туку само како техничко прашање. Ова го пренесува и владиниот портпаролот Ветон Ибраими.

„Ставот на Република Македонија во врска со одбележувањето на границата со Косово е тоа прашање да се реши заедно со статусот на Косово,“

вели Ибраими. По најавите кои пристигнаа и од претставници од меѓународната заедница, но и информациите за можноста за премислување меѓу властите во Приштина, прашањето за границата да се затвори пред да биде соопштено решението за косовскиот статус, во државните институции во земјава со коментар дека во наш интерес е побрзото решавање на овој проблем.

„Сигурно дека тоа е прифатливо за нас и потребо за Република Македонија. За нас како комисија за надворешна политика на Собранието на Република Македонија секое решение ќе биде прифатливо, се разбира, доколку не го загрозува територијалниот интегритет на Република Македонија,“

изјавува Флора Кадриу од владеачката ДПА, претседател на Комисијата за надворешни работи во македонскиот Парламент. На денешната посета на македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски на Приштина, меѓу другото главна тема на разговорите со косовските власти е решение за одбележување на границата. Од Скопје и домашните експерти по меѓународни односи советуваат дека прашањето за одбележување на границата со Косово, треба да биде решено пред соопштението за иднината на косовскиот статус. Професорот Димитар Мирчев со став:

„Јас сметам дека нашата влада треба апсолутно да инсистира демаркацијата да се изврши што побрзо, затоа што имаат докумтни и факти што го овозможуваат тоа.“

Во очекување на конечната одлука за косовскиот статус, засиелни предупредувачките изјави од србија. Српскиот министер за надворешни работи Вук Драшковиќ порада дека доколку некоја држава го признае Косово, тогаш Србија ќе ги прекине и диполматсиките и економските односи со таа земја. Професорот Димитар Мирчев со коментар.

„Мислам дека тоа во извесна мерка е уцена или предупредување до другите држави да не се мешаат во тоа, но ние не се мешаме и тоа не се однесува на нас, ниту пак има индикации дека Македонија се подготвува да го признае Косово,“

посочува Мирчев.
XS
SM
MD
LG