Достапни линкови

Светот загрижен за стабилноста на Либан


Светот е загрижен за стабилноста на Либан каде што политичките тензии во Либан се повторно високи по вчерашното убиство на Пјер Џемал лидер на партијата Христијанска фаланга, министер за индустрија и отворен критичар на Сирија. Советот за Безбедност на Обединетите Нации, Европската Унија и Соединетите Држави го осудија убиството и побараа истрага и воздржаност во Либан. Убиството е осудено и од Иран и Сирија, која отфрли дека стои зад него.

Либанскиот претседател Емил Лахуд веднаш по веста за убиството на лидерот на Христијанската партија Пјер Џемал побара убијците да бидат казнети.

„Ние нема да дозволиме овој терористички акт да остане неказнет. Ве уверувам дека овие криминалци се против либанците и во таа смисла ве повикувам на единство. Тоа е единствен начин да додјдеме до крајот на овој заговор и заедно да најдеме решение за сите наши проблеми.“

Убиството на Пјер Џемал доага во време на голема политичка криза во Либан по оставката на 6 мина про – сириски министри во либанската влада, и тоа според Дејвид Шенкер експерт за арапската политика од Вашингтонскиот институт за блиско источна политика, сугерира дека станува збор за сириска тактика. Имено ако една третина од министрите дадат оставка, а за тоа недостасува уште еден по убиството на министерот Џамал, владата ќе падне. Тоа значи обид за одлагање на истрагата на Обединетите Нации која е длабоко навлезена во откривањето на убијците на Рафик Харири поранешниот премиер кој беше убиен во 2005. На прашањето дали постои опасност во Либан да избувне граѓанска војна. Шенкер вели.

„Постоји голема опасност за тоа кога ќе видите вакво насилство и кога Хезболах ќе се закани дека ќе излезе на улива. Дури и Хезболах да не им става оружје во рацете на луѓето, секогаш постои шансата за избувнување на и онака постоечкиот сунитско – шиитски конфликт. во Либан. Шиитите ќе влезат во соседтсвото каде што се христијаните, ќе почнат борби, кои потоа ќе се рашират и ќе излезат од секоја контрола. Сметам дека ситуацијата сега е екстремно напната. “

Експерт за арапската политика од Вашингтонскиот институт за блиско источна политика сугерира дека Сириската тактика е позната. Дамаск ќе ја отфрла вината и како и во другите случаји ке се обиде да се покаже како позитивен партнер за да ги амортизира притисоците.
XS
SM
MD
LG