Достапни линкови

Предлози и искуства за новиот собраниски деловник


Размена на искуства и можност македонскиот Парламент да се усовршува по принципот на демократијата во американскиот претставнички дом. Сугестиите и предлозите кои би можеле да се вметнат во новиот собраниски деловник со цел поефикасно функционирање на Парламентот, на македонските пратеници им ги преставија четворица конгресмени од американскиот претставнички дом, членови на Комисијата за демократска помош кои што се во посета на земјава. Републиканецот Дејвид Драер, кој ја предводи делегацијата по средбата со македонските парламентарци и претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски истакна:

„Имаевме плодна соработка за прашањето за транспарентност и отвореност со цел да се осигураме дека граѓаните на Македонија имаат можност за пристап до што е можно повеќе информации за работата на нивните претставници во парламентот. Во оваа насока ние го посочивме примерот на американскиот конгрес.“

истакна конгресменот Драер.

Поголема либерализација во делот на употреба на јазикот на припадниците на единиците на заедниците, скусување на временските рокови во донесувањето на законските акти, се дел од сугестиите, кои до македонските парламентарци ги пренеле американските конгресмени, информираа претставниците на македонското собрание. Претседателот на Парламентот Љубиша Георгиевски исткан дека предлозите ќе бидетали од меѓусебните разговори воедно изненаден од експедитивноста на фунцкионирање на амеирканскот претставнички дом, што вели тој е искуство за нас.

„Никогаш не се случило во Македонија да имаме на гости, четворица конгресмени и никогаш не сме имале би рекол, толку блиски контакти за размена на мислења за развојот на демократијата кај нас. Ние ја искористивме оваа посета да предложиме дискусија во врска со привиот драфт на новиот деловник, што планираме да го усвоиме и во кој има повеќе иновации и во разговорите на оваа тема добивме доста предлози и сугестии.“

посочи претседателот на Парламентот Георгиевски.

Ваквата зедничката соработка и погледите врз спроведувањето на реформите и демократските стандарди во земјава, за што од македонска страна беше потенцирано дека соединетите американски држави се наш главен стратешки партенер, продолжува и преку подршката што америка и ја дава на Македонија на патот за членство во НАТО. Ова го потврди и конгресменот Дејвид Драер.

„Ние многу ги поддржуваме чекорите што Македонија ги превзема на патот кон НАТО и веројатно тоа ќе го нагласи и новиот состав на Конгресот.“

вели Драер.
XS
SM
MD
LG