Достапни линкови

logo-print

Релаксираната атмосфера е корисна, но само ако не се формира вон институционален систем


По повикот на Европската унија за интензивирање на дијалогот во Македонија, претседателот Бранко Црвенковски најави дека ако има потреба ке свика и лидерска средба. Средбата пак што викендов се одржа во Маврово, а која е една од низата редовни состаноци што ги организира Швајцарската амабсада во Скопје и американскиот Проект за етнички односи без конкретни резултати и без присуството на лидерите од партиите од албанскиот блок Али Ахмети и Арбен Џафери. Аналитичарите во земјава сметаат дека оваа слика се должи на тоа што, како што велат, политичките претставници се се сеуште во процес на полтичко и културно созревање. Неформалините средби според нив се можност за постигнување на договор без разлика дали се како оние во Маврово или пак кај претседателот на државата кои беа карактеристични пред се во периодот за и по конфликтот во 2001. Тие укажуваат што е потребно за дијалогот да биде успешен.

„Во земјата мора да има некој работи за кои постои општа согласност. Може да се разговара за начинот. Не мора средбите да бидат формални. Неформалните средби понекогаш се порелаксирани,“

изјави аналитичарот Хисен Рамадани. Експертите пак од Правниот факултет велат дијалог да, но низ институциите на системот како парламентот, неговите работни тела, владата

„Зошто е ова потребно? Заради процедурата, заради транспарентноста, оти кажете ми дека ако си ветат во Арка еден на друг премиерот и опозицијата што ќе прават, кажете ми во која постапка и кое тело ќе имаат каква одговорност? Затоа што, ова е се неформално,“

изјави Гордана Силајновска професор по политички и уставен систем. Јован Донев од Филозовскиот факултет посочува

„Дијалог не значи компромис. Ако сите одлуки се носат надвор од Собранието, тогаш имаме проблеми со системот, имаме вон институционален систем.“
XS
SM
MD
LG