Достапни линкови

Хелсинки: Турција треба да постигне трговски договор со Кипар до 6 декември


Финска, како претседавач со Европската Унија, денеска соопшти дека 6-ти декември е крајниот рок до кога Турција треба да постигне трговски договор со Кипар, доколку Анкара сака да го избегне застојот во преговорите за членство во Унијата. Турција соопшти дека ќе се согласи на таков договор но само доколку Европската Унија ја прекине економската изолација на турскиот дел на Кипар.
XS
SM
MD
LG