Достапни линкови

logo-print

Багдад: Најмалку 10 загинати во експлозии


Најмалку десет луѓе загинаа, а 45 се ранети во серија експлозии што околу пладне се случија во Багдад, пренесуваат агенциите. Ирачката полиција соопшти дека три автомобили - бомби речиси истовремено експлодирале во автобуска станица во шиитски кварт во престолнината. Експлозиите се случиле на паркинг на автобуска станица во Ал Мештел, во југоисточниот дел на Багдад. Ова е втор крвав инцидент денеска во Ирак, откако изутрината во самоубиствен напад во градот Хила, 120 километри јужно од Багдад, загинаа 22 лица, а 44 се ранети.
XS
SM
MD
LG