Достапни линкови

Скопје: Американски конгресмени во Македонија


Американски конгресмени од денеска престојуваат во неколкудневна посета на Македонија, соопшти македонското Собрание. Делегацијата од Комисијата за поддршка на демократијата на Долниот дом на американскиот Конгрес ќе му донира компјутерска опрема на Собранието на Република Македонија. Свечената церемонијата ќе се одржи во среда. На церемонијата ќе се обратат претседателот на Собранието, Љубиша Георгиевски, претседателот на Комисијата за поддршка на демократијата, конгресменот Дејвид Драер и конгресменот Дејвид Прајс.
XS
SM
MD
LG