Достапни линкови

logo-print

Недоверба на експертите и критики од опозицијата


Реализација на 100 проекти со 112 милијарди и 16 милиони денари, колку што ќе изнесува буџетот за наредната 2007 година, со ваква амбициозна буџетска програма со цел економски развој на земјава владата го најави буџетот за наредната 2007 година. Разни субвенции во земјоделеието, реализација на правичната застапеност на заедниците, ставка за привлекување странски инвестции, за образованието односно реализација на проектот кокмјупетриацијата на образвоаниеото што подразбира комјутер пред секој ученик, за изградба на повеќе спорстки сали и игралишта, за култура и реализација на проекти од областа на социјалата, се дел од ставките што владата ги предвиде во буџетот. И покрај развојаната политика во државната каса и релаксираноста во однос на фискалната политика каде е предвиден дефицит од 1% сепак, ваквите најави се нереални за исполнување и тоа не е издржано, смета економскиот експерти Абдулменаф Беџети:

„Нека се обезбеди прво тоа што е најнеминовно, а потоа да се оди во тоа, тоа е мегаломанија и дневна политика. “

вели Беџети. И опозицијата гледа критички на амбициозниот буџет на владата за идната година. Славица Грковска од Социјалдемократскиот сојуз изјавува:

„Оние решенија што беа презентирани одат во насока на популистички мерки коишто и до сега во изминативе неколку месеци владата ги практикува.“

Опозционата Демократската Унија за интеграциа од албанскиот полити;ки блок пак гледа контрадикторност мегу приливот во средствата во државната каса, како последица на намалувањето на даноците и ваквите зацртани цели на владата.

„Има само хипотеза дека наскоро ќе има капитални странски инвестиции кои ќе ја пополнат буџетската дупка.“

посочува Ермира Мехмети портпарол на ДУИ. Наспроти критиките од опозицијата и недовербата на експертите околу можноста за реализација на зацртаната владина развојна политика во надлежното министерство за финанасии велат дека е најден баланс меѓу приходите и расходите во буџетот и оти тој е реален. Премиерот Никола Груевски на вчерашното презенитрање на буџетот со уверување дека има простор за оваа реализациа на програмата на владата.

„Тоа е можно преку цврста решеност на владата да се откаже од непродуктивни трошења,“

истакна премирот Груевски.
XS
SM
MD
LG