Достапни линкови

logo-print

Скопје: Состанок на министерскиот совет на Енергетската заедница на ЈИЕ


Македонија е домаќин на состанокот на Министерскиот совет на Енергетската заедница на Југоисточна Европа. На состанокот во Скопје ќе присуствуваат претставници на земјите членки на Енергетнската заедница каде освен земјата, членуваат и Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Косово и Европската комисија.
Покрај министрите од земјите потписнички на Договорот за формирање на Енергетската заедница на конференцијата во Скопје ќе присуствуваат и претставници на Австрија, Грција, Италија, Словенија, Чешка, Словачка, Унгарија, Кипар, Германија и на Велика Британија. Министерката за економија Вера Рафајловска изјави дека на енергетскиот самит меѓудругото ќе биде усвоена и политичка декларација за социјалната димензија на Енергетската заедница.
XS
SM
MD
LG